Споменик на Св. Наум ќе се гради

Советниците едногласни,на градскиот плоштад  ќе се гради споменик во чест на Св. Наум Охридски чудотворецот.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого

Советниците едногласни,на градскиот плоштад  ќе се гради споменик во чест на Св. Наум Охридски чудотворецот.

sovetniciГрадоначалникот Александар Петрески, планира изградбата на споменикот да биде со помош на спонзори.

„Во време на економска криза не треба да се трошат буџетски средства, затоа планираме споменикот да го направиме со помош на спонзори-донатори“.

„Инаку ова е продолжение на идејата од 1992 год со поставување на СВ Климент и СВ Кирил и Методи, продолжување на идејата 2005, 2006 год. со поставување на СВ Климент Охридски останува уште поставување на споменикот на СВ Наум Охридски чудотворецот, кој треба да биде пред рибниот ресторан, рече градоначалникот Александар Петрески.
Ваков споменик е важен за Охрид, за да му ја врати разнишаната духовност на градов. Оваа градба ќе придонесе и за развојот на туризмот и интересот за Охрид“, рече советникот од ВМРО ДПМНЕ Дејан Паноски.

„Овој споменик е важен за Охрид за да му ја врати духовноста на градот која е разнишана последните години и да поттикне нови добри дела кои недостасуваат. Изградбата на споменик на Св. Наум ќе придонесе и во развојот на туризмот и затоа треба до спомениците на светителите да се постави по една информативна плочка за да можат посетителите да се информираат за делата на големите светители“, истакна Пановски.
Паноски имаше само една забелешка до локалната самоуправа. Тој предложи пред овие спомен одбележја локалната самоуправа да постави информативни табли , преку кои посетителите ќе можат да се информираат за делата на светителите.

Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Борче Стефановски, укажа дека идејата  за изградба на споменикот на Св. Наум не треба да се политизира.

„Нема точка која не ја претвораме во политика. Да не се навраќем на тоа од кого е идејата, затоа што поставување на споменик од Св. Наум на плоштадот е желба на сите Охриѓани.Идејата е наша на сите Охриѓани и затоа не треба да ја политизираме“, рече  Стефановски.

Инаку споменикот на СВ Наум Охридски Чудотворец предвидено е да се псотави на плоштадот следната година, откако претходно ќе се најдат средства и идејно решение. И овој споменик како и станатите два ќе има иста поставенот. СВ Климент  и Светите Кирил и Методи И Св Наум ќе гледаат кон манастирот Св. Наум. Со донесување на оваа одлука се отвара можност во 2010 година достојно да се одбележи 1100 годишнината од смртта на Свети Наум Охридски,рече градоначалникот Александар Петрески.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top