Баричело пред Батон во Монца

Бразилецот Рубенс Баричело стигна до убедлива победа на Италијанското ГП во 1-2 победа за Браун ГП за да ја намали разликата на неговиот клупски колега Џенсон Батон на 14 поени на само 4 трки пред крајот на Ф1 сезоната.

 |  Крсте Голабовски  | 
Rubens BAricello
Рубенс Баричело

Бразилецот Рубенс Баричело стигна до убедлива победа на Италијанското ГП во 1-2 победа за Браун ГП за да ја намали разликата на неговиот клупски колега Џенсон Батон на 14 поени на само 4 трки пред крајот на Ф1 сезоната. Батон се врати на подиумот првпат по шест трки со второто место со 2.8 секунди заостанување зад ветеранот во трка која како да го одбележи финишот на сезоната во трка на двајца возачи.

Rubens BaricelloФинецот Кими Раиконен доби како “подарок” трето место за Ферари и за илјадниците тифози откако актуелниот шампион Луис Хамилтон излета во последниот круг. Хамилтон стартуваше од пол-позицијата, но со излетувањето и математички ги загуби шансите за титулата. Батон сега има 80 поени пред Баричело со 66, но двајцата најмногу профитираа од маките на ривалите до Ред Бул, откако Германецот Себастијан Фетел освои само 1 поен со осмото место и сега има 54, а неговиот колега Марк Вебер остана на 51.5 откако излета во првиот круг.

“Немав зборови по победата. Се чувствувам фантастично. Момците со КЕРС системот имаа 20 метри предност од нас на стартот, и моравме да размислуваме за тоа. Затоа стратегијата беше совршена”, вели најстариот возач во Ф1, 37-годишниот Баричело, кој пред трката имаше проблеми со менувачот.

Второто место на Батон, со четвртата 1-2 победа за Браун во оваа година, беше одличен одговор на критичарите кои велеа дека Британецот попушта под притисокот.

“Добро е да си пак на подиумот. Сакам да бидам каде што е Рубенс, но тој заврши подобра работа од мене. Загубив два поена од него, но добив 7 на Фетел. Битката ќе се води до крај”, вели Батон.

Поранешниот возач на Ферари, Баричело вели дека е пресреќен што ќе има “отворена” битка против својот тимски колега по толку многу години како “втор” возач зад Михаел Шумахер во Ферари.

“Јас можам да го покажам моето вистинско лице зад воланот. Ќе дадам сe од себе”, вели Баричело.

Победата дојде во стратешка битка на тие кои беа со едно влегување во боксот како Браун и тие со две влегувања во боксот како Мекларен и Ферари. За Баричело ова е втора победа оваа сезона и 11. во кариерата. Браун сега имаат 8 победи во 13 трки и 146 поени во генерален пласман пред Ред Бул со 105.5 и Ферари со 62.

Германецот Адријан Зутил заврши како четврти освојувајќи ги првите поени во оваа сезона и носејќи им го на Форс Индија вториот пласман во поени во две трки, откако Џанкарло Физикела беше втор во Спа. Физикела, пак, дебитираше за Ферари како замена за повредениот Фелипе Маса, но не успеа да освои поени завршувајќи на 9. место.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top