Европскиот шампион Барселона посакува во јануари да го донесе напаѓачот на Баерн, Лука Тони.
Европскиот шампион Барселона посакува во јануари да го донесе напаѓачот на Баерн, Лука Тони. Иако ова лето на Ноу Камп пристигна Златан Ибрахимовиќ, тренерот Пеп Гвардиола посакува уште еден напаѓач како замена за шведскиот гол-мајстор.
Според пишувањата на Тутоспорт, “Каталонците” посакуваат во јануари да го донесат Италијанецот, а во нивна корист оди и фактот дека Тони е во втор план кај Ван Гал и поради тоа би можел да се одлучи да ја смени средината. Досега Тони беше повреден, но останува да се види дали до јануари ќе успее да се наметне покрај одлично расположените Клосе, Гомез и Олиќ.
Од друга страна Гвардиола е сигурен дека токму Лука Тони би ја одиграл улогата на Хенрик Ларсон пред неколку сезони. Шведскиот ветеран влегуваше од клупата и редовно постигнуваше голови и носеше пресврт на резултатот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град