За прв пат во водите на Охридското езеро Дипломатска регата. Утре во Струга ќе се одржи спортско едриличарска регата во класата „Минитонец“, каде се очекува присуство на членови од Дипломатскио кор на Р.Македонија.
За прв пат во водите на Охридското езеро Дипломатска регата. Утре во Струга ќе се одржи спортско едриличарска регата во класата „Минитонец“, каде се очекува присуство на членови од Дипломатскио кор на Р.Македонија.
Едриличарскиот клуб „Снегар“,Јахтинг клубот „Сирма“од Струга, со помош на едриличарската федерација Р.Македонија организираат спортска регата за класата „Минитонец“. Планирано е учество да земат членови од Дипломатскиот кор на Р.Македонија, поточно членови на странските амбасади кои работат во нашата земја. Целта на овој голем настан е промоција на монденското едрење.
Регатата ќе се одржува утре во 11 часот од пред регатното поле на градската плажа пред Хотел „Дрим“. Покрај спортските предвидени се и други содржини вели Гучески
Едриличарските клубови од Струга последниве години, се повеќе се истакнуваат. Едрењето е спорт кој заслужува внимание изјави Гучески.
Регатата ќе се одржи според (ИСАФ) Регатните правила 2009-2012 год. Предвидени се награди за првопласираните три места кои ќе добијат медали а првопласираниот пехар.
Во моментов јахтинг клубот има 4 „минитонци“, кои се изнајмуваат за крстосување низ Охридското Езеро. Тие се екипирани со скипери, посебно обучени лица. Во изградба се уште 4 нови минитонци, со цел збогатување на туристичката понуда со атрактивни содржини.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град