Охридската СДСМ обвинува

Охридските социјал-демократи жалат за бродската несреќа и сочуствуваат со семејствата на трагично загинатите бугарски туристи.

 |  Валентина Нелоска  | 
Tomislav Tuntev
Томислав Тунтев

Охридските социјал-демократи жалат за бродската несреќа и сочуствуваат со семејствата на трагично загинатите бугарски туристи.

presЗгрозени се од неодговорниот однос на Владата кон бродската несреќа. Укажуваат на игнорантскиот однос на премиерот кон Охрид и обидот за прикривање на вистинските виновници за трагедијата.
Лидија Апостолоска, портпарол  на СДСМ истакна дека срамот што му го нанесоа на Охрид со вработување на партиски кадри во Капетанија, па од тука хаосот и трагедиите во водите на Езерото, а сега со жртвување на младиот капетан на потонатиот брод, ставени сме пред опасност да се доведе Македонија во состојба на целосна анархија и апсолутистичка монархија на Груески, во која од „правна држава“ нема ни слово.  
Советникот од редовите на СДСМ, д-р по сообраќајни науки, Томислав Тунтев причините за несреќата  остави да ги открие и соопшти мешовитата експертска   Комисија, но упати критика до  институции кои сеуште молчат.  „Седум  дена нити една релевантна институција или личност  не даде изјава кој е виновен за несреќата. Ако има одговорност тогаш таа лежи во Министерството за транспорт и врски и Капетанија, одговорни за  внатрешната  пловидба во водниот сообраќај“.  

Советникот Тунтев наведе низа недостатоци кај надлежните институции. Укажа на недостаток од  законска регулатива и подзаконски акти во водниот сообраќај, немање пловни патишта, недостаток на диспечерска служба и радиокомуникација, несовремено пристаниште, несоодветно стручно образование на првиот човек во Капетанија и неговото недоусовршување во странство.
Според Тунтев состојбите кои владеат во акванаутиката сега со оваа насреќа излегоа на површина.
„ Ова е логична последица на едно несовесно и непрофесинално работење во минатиот период . Претоварени бродови, прегласна музика и доближување до капачите беа секојдневие  за кое реагиравме до Капетанија, а од таму ниеден брод не е отстранија од пловидба заради кршење на прописите“ нагласува Тунтев.
До пред седум –осум години во Охридското езеро беа регистрирани 220 пловни објекти, а во моментов  има над 2500 пловила, додека законската регулатива не е променета кажува Тунтев.  
Од СДСМ бараат релевантните институции да ј апреземат одговорноста и да се изврши ревизија на сите пловни објкети за во иднина да нема вакви несреќи, а истражните и судските органи да го имаат крајниот збор за тоа кој е виновен за трагедијата.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top