Околу 300 стоматолози од Македонија и регионов учествуваат на 5 тиот по ред конгрес кој деновиве се одржува во Охрид. Годинава за прв пат одржувањето на конгресот се совпаѓа со светскиот ден на оралното здравје 12 септември.
Околу 300 стоматолози од Македонија и регионов учествуваат на 5 тиот по ред конгрес кој деновиве се одржува во Охрид. Годинава за прв пат одржувањето на конгресот се совпаѓа со светскиот ден на оралното здравје 12 септември.
За прв пат во Македонија, матични клетки од млечни заби. Македонската стоматолгија според прогресот кој го доживеа, може да се каже дека е модерна медицинска гранка. Тоа е и заклучокот од досегашниот тек на дискусиите, кои се водат во рамките на петтиот по ред конгрес на стоматолозите во Охрид. Пораката на конгресот е, стоматолозите, граѓаните и целокупната јавност да осознаат за новата методологија и трендови во современата модерна стоматологија како и начинот на нивното имплементирање, преку придржување на одреден протокол кој треба да се вклопи во современата стоматолошка пракса, вели Проф. Ана Миновска претседателот на македонското стоматолошко друштво.
Колку чини процесот на земање матични клетки, со точност не се знае вели Миновска. Таа додава дека современите трендови во стоматологијата водат до изедначување на современите технологии кои се применливи.
Денеска, јавното државно здравство и практицирањето на стоматологијата во приватниот сектор е суптилна проблематика потенцира Миновска.
Инаку во текот на утрешниот ден на конгресот се очекува еволуционото предавање на Проф Мао од Колумбија. Тоа се однесува на најновото откритие за искористување на потенцијалот на основната клетка и нејзината трансформација, велат организаторите.
Матичните клетки се примарни клетки кои можат да се трансформираат во позрели клетки и всушност тоа се прекурсори на сите клетки кои го градат човековото тело. Најчесто се користат матичните клетки од новороденчето.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град