Македонската кошарска репрезентација се пресели во полскиот град Бидгошч каде денеска со мечот против Франција ја почнува битката за висок пласман на Европското првенство (ЕП).
По двата порази, против Грција и Хрватска, и победата против Израел, репрезентацијата на Македонија обезбеди историски пласман во втората фаза, и можност за уште еден подвиг, да обезбеди учество на Светското првенство.
За таа цел, според пресметките, би биле потребни две победи во групата Е, во која покрај Грција и Хрватска се и новите противници – актуелниот европски првак Русија, Франција и Германија.
Прв противник на „црвено – жолтите, вечерва (21,00 часот), ќе биде репрезентацијата на Франција, предводена од НБА ѕвездата Тони Паркер. Тој во досегашниот тек од ЕП е најефикасен во својата репрезентација со просек од 20 поени по натпревар.
Македонија и Франција досега имаат одиграно еден натпревар, на кој пред десет години Французите како домаќини на ЕП победија со 71-67.
По пауза од десет години, Македонија се врати на континенталното првенство и со победата против Израел обезбеди најмалку 12 место.
За нов подвиг и дебитантски настап на Светското првенство, што 2010 ќе се одржи во Турција, македонската кошарска репрезентација ќе треба да го освои седмото место.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град