Македонија на добар пат

Оваа порака денеска од Охрид ја упати бившиот претседател на Сојузна Република Гермaнија Д-р Роман Херцог, во рамките на својата посета на Охрид.

 |  Николовска Биљана  | 
Gorge Ivanov
Ѓорге Иванов

Оваа порака денеска од Охрид ја упати бившиот претседател на Сојузна Република Гермaнија Д-р Роман Херцог, во рамките на својата посета на Охрид.

George IvanovПовод за присуството на германскиот државен претставник е доделување на највисокото одликување на нашата земја, орденот 8ми септември.

Плаошник и останатите културно историски знаменитости, секогаш го оправдуваат Охрид пред светот. Ова денес го потврди и поранешниот германски претседател на СРГ Д-р Роман Херцог во рамките на својата посета на нашиoт град. Херцог изразил посебна желба заедно со нашиот Претседател Ѓорге Иванов, да ги освежи своите сеќавања на Охрид од пред дванаесеттина години.

Денеска од страна на претседателот Иванов, на Херцог, ќе му биде доделен орденот 8ми септември, орден кој важи за највисоко одликување кое може да го добие еден странски државјанин. Заслугата е сосема оправдана, вели Иванов. Тој додава дека Херцог е човекот кој прв ја препорачал Македонија пред светот, таа да биде независна и суверена земја која целосно ги исполнува условите. Тоа не се заборава и дојде вистинското време за признание за ова дело.

Обострани беа заложбите и на Македонија и на Германија за денешниот статус што го има нашата земја истомисленици се Херцог и Иванов. Македонија е на добар пат, го потврдија и двајцата високи државни претставници.
После оваа средба, Иванов за два дена ќе отпатува за Германија на средба со актуелниот претседател Хорст Келер. Цел на посетата ќе биде обнова и продлабочување на пријателствата и врските што постојат меѓу двете држави.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top