Охридското Езеро порибено со 300 илјади парчиња подмладок на охридска пастрмка. Акцијата се спроведе во присуство на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.
„Според агендата на Министерството и програмата изработена во соработка со Хидробиолошкиот завод од Охрид, порибувањето ќе се одвива согласно предвидената динамика“, истакна министерот.
Обезбедени се два солидни рибочуварски чамци, кои патролираат во езерото. Ваква служба има и во соседна Струга. Со нивна помош запленивме околу 3000 мрежи, вели министерот Димовски.
Во што пократок рок очекуваме билатерален договор со институции од Албанија кои ќе помогнат да се заштити оваа ендемична риба и од Албанска страна. Телото кое таму ќе формира треба да ги вкучи институциите од Албанија во нашата акција, вели министерот.
Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Ванчо Димитриевски истакна дека во периодот на првите седум-осум месеци од оваа година се уништени над три илјади запленети мрежи и друг вид опрема за криволов.
Инспекторот Димитриевски притоа изрази задоволство од забрзаната динамика на процесуирањето на кривичните пријави поднесени против физичките и правните лица за криволов.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град