Една е вистината за одржување на Охридскиот аеродром

Од нивна страна склучен е нетранспарентен договор во четири очи со „Комунално“ Струга, вели Сашо Алчев директорот на ЈП „Охридски Комуналец“.

 |  Николовска Биљана  | 
Saso Alcev
Сашо Алчев

Од нивна страна склучен е нетранспарентен договор во четири очи со „Комунално“ Струга, вели Сашо Алчев директорот на ЈП „Охридски Комуналец“.

aerodromНиза невистини беа кажани од страна на директорот аеродромот во Охрид, изјави директорот на ЈП „Охридски комунлец“ Сашо Алчев. Ваквиот став на Алчев, доаѓа како резултат на неодамнешниот прилог во нашиот дневник, во кој што беше кажано дека од неодамна ЈП „Комунално“ од Струга се грижи за хигиената на охридскиот аеродром. Алчев вели, дека единствена причина заради која дошло до прекин на соработката меѓу охридското јавно претпријатие и аеродромот е постапката на директорот на Охридскиот аеродром, кој не го спровел Законот за јавни набавки.

Пред да дојде до оваа спорна состојба со охридскиот аеродром, помеѓу двајцата директори биле остварени најмалку пет средби. Алчев објаснува, дека не станува збор за никаква уцена од негова страна.

„Рокот кој му бил даден на Стефаноски бил сосема доволен за потребната јавна набавка“, додава тој.

„Проблем се јавил и со некнижени фактури“, вели Алчев. Тој додава, „ако зборуваме за уцена документите што ги поседувам го зборуваат спротивното дека јас сум уценет.“
Алчев се сомнева дека директорот на аеродром Св. „Апостол Павле“ не поседува дозвола за вршење дејност бидејќи  за истата потребно е да се склучи договор со ЈП за да го подига транспортира и депонира комуналниот отпад.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top