Капетаните од неколкуте бродови потиштени од несреќата што се случи на бродот „Илинден“, упатуваат искрено сочуство до семејствата на загинатите туристи. Проговорија и за личноста на нивниот колега капетанот на „ Илинден“, Сотир Филевски.
„Сотир е искусен, способен и ги има управувано сите бродови, а не само „Илинден“. Се грижи совесно за бродовите и патниците, и не пие, потресени сме што се случи оваа трагедија “ велат неговите колеги.
Капетаните жалат што оваа туристичка сезона заврши трагично и што овој настан остави дамка на Охрид.
Долгогодишниот капетан, сега во пензија, Јусуф Идриз вели можеме да даваме различни коментари за несреќата, но и ова е сообраќај како и воздушниот, железничкиот или сувоземниот во кој има секојдневно разни несреќи.
Од 1937 година кога започнува поинтензивно водниот сообраќај низ Охридското езеро, до сега се превезени илјадници патници, ваква трагедија не е забележана вели Јусуф. За причините на несреќата капетаните не сакаат да зборуваат, рекоа само дека ќе остават последниот збор да го кажат експертите од мешовитата комисија од Хрватска и Бугарија. Потенцираат дека бродовите се безбедни и компанијата „Лојд“ врши надзор на бродовите и не пропушта ништо на случајот вели Јусуф.
Васко Јанески, капетан на бродот Кристина кажува дека се грижат за своето здравје, водејќи редовен живот во интерес на безбедноста на патниците. Секојдневно се грижат и околу техничката процедура на бродовите.
Јанески кажува дека секојдневно пред да испловат се проверува бродот дали функционираат сите команди, дали работат моторите, дали се полни акумулаторите.
Проверуваат дали има масло, вода за ладење ,го проверуваат системот за кормиларење во место, па дури потоа испловуваат. Тоа знам дека го правеше секојдневно и Сотир, вели капетан Јанески.
Капетаните додаваат, за 5-те туристички бродови се грижат 10 капетани, а во моментов се обучуваат и чекаат полагање за добивање дозволи за управување со брод, 8 млади потенцијални капетани. Ние постарите наскоро ќе се пензионираме па ќе треба некој да не замени, додаваат тие.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град