Студентите „загреани“ за Универзитетот за информатички технологии

Универзитетот за информатички технологии, кој за прв пат стартува од оваа студиска година, привлече голем интерес за упис кај студентите.

 |  Валентиан Неловска  | 

Од 125 –те предвидени слободни места, во двата уписни рока, се примени 80 бруцоши. Гласините кои се шират низ охридската чаршија дека на Универзитеот се примаат студенти, членови на Вмро Дпмне, ректорот Благоја Самакоски ги отфрла како чиста глупост. „Сум слушал многу за интриги во малите места, но ова е врвна глупоста која сум ја слушнал досега.Би било добро охриѓани и Охрид да сфатат каков историски чекор направи Владата што го лоцира Универзитетот во Охрид. Сега во Охрид се  враќа центарот на образованието кој бил и центар пред 1000 години. Секој кој го сака Охрид и неговиот  просперитет овој Универзитет им ги отвара вратите на тој просперитет вели ректорот Самакоски.

Универзитетот за информатички технолгии го направи и изборот на професорски кадар. Сега се очекува стартот на првиот семестар да почне на време. На конкурсот за избор на професори, ректорот  Самакоски вели дека биле пријавени 50 кандидати од сите земји на светото, од Јапонија па до Филипини. Се избраа најдобрите и потпишан е договор со 8  професори кои ќе предаваат на прва година.
Поранешниот Дом  на АРМ ќе биде локацијата на Универзитеотот. Во моментов се работи интензивно на него реновирање, па се очекува да биде целосно завршен до крај на октомври. Дотогаш е договорено со Деканатот на Факултетот за туризам и угостителство   наставата да се изведува во нивните простории. Ректоро Благоја Самакоски нагласува дека иако инсистирал во неколку наврати средба со охридксиот грдаоначалник досега не остварил средба со  Александар Петрески.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top