Со акцијата „Бумеранг“ приведени 19 лица-полициски и царински службеници.
„Бумерангот“ неочекувано и во Струга. Утрово околу 8 часот, специјални единици на МВР во рамките на своите активности ја прочешлаа работата на граничкиот премин „Ќафасан“. При акцијата приведени се 15 полицајци, едно лице сеуште недостапно и тројца цариници од граничниот премин. Акцијата траела околу час и половина, кажуваат очевидците, кои биле во близина при спроведување на истата.
Приведените 18 лица се осомничени за злоупотреба на својата службена положба. Како што соопшти МВР утврдено е дека полициските службеници вршеле кривични дела – „примање поткуп„ и „злосторничко здружување„ – Тие барале и примале парични средства за да во рамките на своите овластувања не превземат дејствија што вообичаено мора да ги спроведат. Поткупот од патниците го добивале вметнати во патните исправи и истите ги засолнувале на повеќе места. Ги прикривале во просторијата за задржување патници, (под душекот или прекривката), како и под лавабото од тоалетот.
А за пропуштените албански државјани на кои им бил овозможен влез без патни исправи, тие користеле друг метод. Паричните средства ги добивале надвор од работното место на однапред договорена локација од лица со кои соработувале.
Уапсените цариници делувале индивидуално, а не во рамки на организираната криминална група. Обелоденувањето на ваквите кривични дела ги вознемири останатите вработени на преминот „Ќафасан“. Веднаш после акцијата се се одвиваше во рамките на нормален тек на работа.
Инаку, приведените полициски службеници со кривичната пријава и обезбедените материјални докази, се предадени на надлежен Истражен судија од Основен Суд Скопје, додека приведените царински службеници заедно со кривичната пријава се предадени на надлежен Истражен судија во Основниот суд Струга.
Во истиот момент кога медиумите се обидоа преку снимка да го регистрираат тоа, колегите од националната телевизија „Алсат“ од страна на специјалните едници беа грубо спречени да ја вршат својата професионална должност.
Инаку приведувањата како што информираат од МВР се во рамки на реализацијата на последната фаза од акцијата „Бумеранг“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град