„Стоп за насилството во спортот“

Да му го дадеме на спортот местото кое го заслужува, заклучија присутните членови на средбата.

logo
лого

Да му го дадеме на спортот местото кое го заслужува, заклучија присутните членови на средбата.

состанокВтор работен состанок помеѓу Секторот за внатрешни работи Охрид, Одделението за превенција и претставници на спортските клубови, фудбалскиот сојуз и претставници на навивачката група „Рибари“, на тема „Стоп за насилството во спортот“. Охрид како град каде често се организираат спортски натпревари, а на истите неретко настануваат инциденти, беше повод за денешната средба. Сите зедно да се заложиме и да придонесеме за помирна атмосвера за време на натпреварите, беше ставот на сите учесници. „Да направиме напор и да постигнеме што е можно повисок степен на безбедност на сите учесници во натпреварот“, рече Стефан Димовски, потпарол на СВР Охрид.

Во текот на средбата се отворија повеќе теми, меѓу кои: „Законските регулативи“, “Правилникот за спречување на насилството во спортот“, „Должностите на организаторите на натпреварите“ и „Должностите на редарските служби“. Исто така се посочи на грубиот однос на навивачите кон полицијата.

Се даде и краток осврт на висината на казнените одредби, кои во согласност со законот се изрекуваат непосредно со парична глоба. Висината на истите се движи од 600-1000евра за физичко лице, од 1500-5000евра за организаторот и 600-2000евра за одговорното лице на организаторот.

На крајот од средбата се остави простор за дискусија помеѓу присутните, меѓутоа исто како и на терените  истата се претвори во вербална расправија. Не секогаш проблемите се решаваат со казни, меѓутоа токму поради тоа, да не им се остави простор, мора да се воведат, посочија претставниците на службите од СВР Охрид. Да овозможиме на спортот да му се даде местото кое го заслужува, заклучија присутните.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top