Шпанецот Чаби Алонсо кој ова лето од Ливерпул премина во редовите на Реал Мадрид изјави дека бил приморан да си замине од Енфилд само за да клубот заработи на него.
Шпанецот Чаби Алонсо кој ова лето од Ливерпул премина во редовите на Реал Мадрид изјави дека бил приморан да си замине од Енфилд само за да клубот заработи на него.
“Навистина ми беше тешко да ја донесам одлуката. Пред се поради петте сјајни години кои ги поминав на Енфилд и поддршката од најдобрата публика на светот. Затоа сум им благодарен и секогаш секогаш ќе го памтам тоа.“
“Минатото лето од клубот ми рекоа дека морам да заминам затоа што им требале пари за да донесат засилувања. Ми беше тешко да го прифатам тоа. Но го прифатив како вистински професионалец, но тоа беше моментот кој го смени моето мислење и од тој момент цело време мислев на заминување.“
При тоа Алонсо кажа дека во последно време неговиот однос со Бенитез малку се расипал, но секогаш имале добар професионален однос.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град