Уште еден неефикасен кредит

Мега проектот „Водовод и канализација на општините“, се покажа како неефикасен.

 |  Николовска Биљана  | 

Мега проектот „Водовод и канализација на општините“, се покажа како неефикасен.

Станува збор за задолжувањто на Р. Македонија со кредит во износ од 20.800.000 Евра кај ЕБОР, согласно Договорот за Проектот Акциона програма за унапредување на 6 општини, во кои беше вклучена и нашата оштина.

водоводПроектот имаше за цел да го реши проблемот со третманот на отпадните води и да го намали загадувањето на животната средина.  

„Кредитот како кредит е многу добар посебно имајќи го во предвид фактот дека се работи за инфраструктурното подобрување на водоводот и канализацијата, но изведувачите направија многу пропусти на кои ние години наназад укажуваме“, вели првиот човек на градот Александар Петрески.

„Државата и министреството за финансии беа гаранција за кредитот. Затоа разговарано е со Премиерот, детално да се прегледаат фактите и да се воочат пропустите заради кои до ден денес има последици врз Јавното Претпријатие „Проаква“, вели Петрески.

„Тој додава, дека и најновите кредити кои им се нудат на оштините доколку не се под нивни надзор нема да бидат прифатени. Работата е кристално чиста, многу пари заминаа во погрешна насока. Нема да дозволиме тоа да се случи и овој пат“, вели Петрески.

Петрески сериозно е загрижен од најновите измени на законот за плаќање на кредитот, каде стои дека општините треба да бидат главен гарант. Градоначалникот вели дека тоа нема да го дозволи. Ќе води постапка се додека правдата не исплива на површина.

Петрески бара кредитот од ЕБОР од пред неколку години да се отпише бидејќи не е постапено согласно пропишаните услови за мега проектот. До ден денес Проаква има само негативни последици од таа голема инвестиција, а подобрување во водоснабдувањето нема, додава тој.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top