По прилогот кој ТВМ го објави вчера, а се однесуваше на депониите по крајбрежието на Охридското езеро, денеска јавно се огласи дир. на ЈП „Комуналец“, Сашо Алчев.
По прилогот кој ТВМ го објави вчера, а се однесуваше на депониите по крајбрежието на Охридското езеро, денеска јавно се огласи дир. на ЈП „Комуналец“, Сашо Алчев.
„Не сме задолжени за одржување на хигиената на површините околу плажите и хотелите, кои се во приватна сопственост. Тоа оди на товар на сопствениците“, посочуваат од ЈП Комуналец.
„Не е во ред вината за ваквата состојба да ни се префрла нам“, вели Сашо Алчев, директорот на ова јавно претпријатие.
„Комуналец“ работи според план за јавна чистота кој е донесен од страна на советот на Општина Охрид. Во него се утврдени приоритетите, односно начинот на кој се одржува хигиената на јавните површини. За површините кои се во приватна сопственост, а на кои се наоѓаат депониите за кои станува збор, прецизно е наведено на кој начин истите треба да се одржуваат“, посочува Алчев.
„Лесно може да се воочи разликата, помеѓу деловите на плажите каде хигиената ја одржува комуналното и ваквите плажи каде за чистотата се задолжени сопствениците“, вели Алчев. „Секако за услугите кои ги извршуваме, треба и да наплатиме“, објаснува тој.
„Комуналните редари се оние кои согласно законот за јавна чистота се должни да ги евидентираат ваквите појави“, вели Алчев.„ Доколку истите санкционираат ваква состојба и не задолжат на нечија сметка ние да го отстраниме отпадот, тоа без проблем и ќе го сториме“, вели тој.
Танас Танасоски, од општинскиот инспекторат, вети дека во најкус рок ќе излезе на терен и согласно законските прописи ќе изрече санкциони мерки против сопствениците на овие површини. Тој посочи на несериозноста во однесувањето на истите. Не е во ред вели тој, во текот на летниот период од туристите да наплаќаат за користење на јавната површина, а за хигиената на истата да не водат сметка.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град