Уште една жртва на езерото

Охридското езеро одзеде уште еден живот Вчера во во близина на мостот се удави Бошко С, кој привремено престојувал во Охрид.

 |  Татјана Маленкова  | 
ezero
езеро

Охридското езеро одзеде уште еден живот Вчера во во близина на мостот се удави Бошко С, кој привремено престојувал во Охрид.
Од СВР информираат дека на телото на починатиот не биле констаирани траги на насилство.

lokacijaОхриѓани потресени од уште еден немил настан. Самоубиство со давење е најновиот случај кој ги вознемири граѓаните.
Вчера, во 16 часот и 30 минити во водите на Охридското езеро, наспроти хотелската зона, кај “Милениум Палас” и хотелот Гарден, пронајдено е мртвото тело на Бошко С. од Скопје.
Увид на лице мeсто извршиле екипа на СВР, јавен обвинител и истражен судија при основниот суд во Охрид, како и специјалист патолог.
Портпаролот на СВР, Стефан Димоски ги демантира зборувањата дека станува збор за убиство. Тој вели:

„На телото на починатиот не се констатирани елементи на насилна смрт. Според извештајот направен по увидот,  констатирано е дека се работи за Бошко С од Скопје, роден 1933 год, кој заедно со неговиот син привремено престојувал во Охрид, вели Димоски.

Според извештајот на специјалистот за патологогија се работи за лабилна личност кој животот си го одзел со давење. Настанот се случил на релативно фреквентна локација, наспроти споменикот на А.Ден Долард и паркот Мазија, локација што Охриѓани и гостите често го користат за крајезерски прошетки.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top