Плоштадот ќе добие нов лик…повторно

Од локалната самоуправа најавуваат враќање на стариот камен на делот кај споменикот на Св Климент.

 |  Татјана Маленкова  | 
plostad
плоштад

Од локалната самоуправа најавуваат враќање на стариот камен на делот кај споменикот на Св Климент.
„Овие трошоци во моментов не се потребни, зошто да се плаќа по втор пат кога еднаш веќе се платило“, реагираат граѓаните.  

plostadЌе се видоизменува плоштадот кај споменикот на Св. Климент. Градоначалникот Александар Петрески најавува дека на овој дел ќе се врати стариот камен, автентичен за охридската чаршија, но и ќе се направат влезови кон плоштадот од повеќе страни.

„Промената на каменот во чаршијата е сериозна  инвестиција која локaлната самоуправа многу ја чинеше. Ова што ќе го правиме е видоизменување на плоштадот, вели гадоначалникот Петрески.

Граѓаните не се сложуваат со идејата на првиот човек на Охрид. Велат, „зошто да се плаќа за нешто што веќе е платено.
Инаку автентичниот камен во чаршијата беше заменатсо нов  во 2003 год. Овој чин, во јавноста предизвика бурни реакции. Многумина велат дека со поставување на новиот каменот се наруши автентичниот изглед на градов, старата архитектура, и препознатливите културно историски вредности на Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top