Стартува новата учебна година и во Охрид

Во охридските училишта околу 500 првачиња и 800 средношколци во прва година денеска, заедно со другите ученици, ја почнаа новата учебна година.

 |  Валентина Нелоска  | 
roditeli
родители

Во охридските училишта околу 500 првачиња и 800 средношколци во прва година денеска, заедно со другите ученици, ја почнаа новата учебна година.

prvacinjaНајмалите основци се радуваа на првиот училишен ден и повторната средба со своите другарчиња. Во основното училиште „Григор Прличев“ за 112 –те првачиња беше подготвена и свечена програма со која се  одбележа  првиот училишен ден.

На првачињата им се обрати и градоначалникот Александар Петрески. Таткото на градот Петрески им порача на првачињата да бидат добри ученици и да се борат за подобро учење  и совладување на училишниот материјал. Годинава најмногу првачиња има  во ОУ „Христо Узунов“ – 122, „Григор Прличев“ – 112, „Братство-единство“ – 85. Најмалку првачиња ќе седнат во училишните клупи во ОУ „Свети Наум Охридски“ во Пештани – 17 и  ОУ „Свети Климент Охридски“ -27.

Во училиштата на подрачјето на Дебрца бројот на првачињата е 22. Во учебната 2009/10 година наставата во основните училишта ќе ја следат околу 5.500 ученици, а во трите средношколски центри во Охрид  околу 2.900.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top