Учебници има, но…

На стартот на учебната година, не се комплетирани бесплатните учебници.

 |  Татјана Маленкова  | 
ucebnici
учебници

На стартот на учебната година, не се комплетирани бесплатните учебници.

„Овие проблеми настанаа поради не координираноста помеѓу Министерството издавачките куќи и Локалната самоуправа“, вели советникот за образование при Локаланата самоуправа, Митре Вељановски,

Mitre VeljanoskiДен пред почнувањето на учебната година, учебниците за учениците не се комплетирани. Дел од бесплатните комплети  за учениците од прво одделение до четврта година, се дистрибуирани до училиштата а останатиот   не се ни пристигнати во Охрид.

„За жал морам да кажам дека работите околу учебниците не се завршени. Околу две недели ние интензивно нашиот дел од обврската ја исполнуваме, преку мобилни екипи, кои ги примаат учебниците и ги распеределуваат по училиштата. Во Охрид книги дистрибуираат дваесетина издавачи. Некои од нив се поорганизирани, а други помалку. Денешниот преглед на работите со учебниците покажува дека во моментов задоволени се околу 50 посто од потребите на учениците со учебници“, вели советникот за образование при локалната самоуправа Митре Вељаноски.

Проектот со бесплатни учебници не е доволно координиран на релација министерство, издавачки куќи и локална самоуправа, обвинува Вељаноски.

Нашата заложба, да откриеме што ја оспорува работата во министервото, и зошто учебниците сеуште не се пристигнати,  денеска беше безуспешна. Портпаролот на министертвото не беше достапен, а ден пред почетокот на учебната година на фиксните телефони во министертвото не се јавуваше никој.

Најголеми проблеми Велјаноски вели дека очекува  кај стредните стручни паралелки, затоа што за овие ученици воопшто нема книги.
Владиниот проект за бесплатни учебници стартува годинава. Во Охрид првата пратка книги пристигна на 12 август, а до денес дистрибуирани се само половина од потребите за Охриѓани. Неодамна министерот за образовение истакна дека родителите нема да плаќаат астрономски суми ниту за работните тетратки и прирачната литература, затоа што и тие ќе им се даваат на учениците бесплатно.
Учениците од одделенската настава на секоја трета година ќе им се менуваат учебниците. Еден комплет учебници ќе користат две генерации ученици, а додека во предметната и во средното образование на секои три години ќе се менуваат учебниците.
Инаку со владиниот проект бесплатно школство се планира да се поделат околу 4 милиони учебници од сите наставни предмети. Проектот владата ја чини над 1 милијарда денари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top