Меѓу позначајните празници кои македонскиот народ ги чествува, посебно внимание се дава на денешното Успение на пресвета Богородица, во народот позната како Голема Богородица. Се верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето. Оние парови кои немаат деца, веруваат дека со милоста на мајката Божја, посетувајќи ги храмовите на денешниот ден, ќе бидат благословени и ќе добијат рожба, вели Отец Димче, кој ја одржа денешната литургија во црквата „Богородица Пандонос“.
Денешниот празник се слави во повеќе цркви и манастири во градот. Екипата на ТВМ денеска присуствуваше на светатта литургија, во црквата „Св. Богородица Пандонос“, која традиционално се одржува речиси стотина години наназад, вели Јосиф Караѓуле, старограѓанин на Охрид. Оваа црква важи за маалска за Месокастро и Варош, вели тој. Со години, веќе како традиција, на овој ден се крштева вода и се крева леб. Прославата започнува вечерта спроти празникот, со масовно собирање на мештаните, посетители од градот, а секако и туристи кои сакаат да бидат дел од веселбата на овој преубав христијански ден. Денеска сите се сведоци на веселбата која ја приредува кумот, вели Караѓуле.
Како и минатите години, кумот на веселбата, пресреќен, понесен од емоциите, со верба во Бога, се надева на здравје, среќа и радост.
Православните Христијани со верба во бога, за подостоинствено одбележување на празникот претходно се изложуваат на двонеделен пост.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град