„Охридски хорски фестивал“

Над стотина хористи ќе пеат  на  меѓународниот „Охридски хорски фестивал“. Хористите ќе пеат во хотелот „Инекс Горица“, во католичката црква и на градскиот плоштад.

Соработката помеѓу „Охридскиот хорски фестивал“ и Општина Охрид, резултираше со годинешното, второ по ред издание на меѓународниот „Охридски хорски фестивал“.„Преку овој хорски фестивал, и неговата меѓународна афирмација, на најдобар начин се потврдуваат заложбите  Охрид да се афирмира во светот како град кој го негува музичкото творештво, култура и уметност на една специфична област од музичката репродукција“, велат организаторите. „Програмата е веќе подготвена и се надеваме дека љубителите на овој вид на музика ќе најдат време да не посетат“, вели Александар Димоски, претседател на фестивалот.
„Со присутните гости на фестивалот разменуваме ноти  и  искуства, се дружиме, пееме и го промовираме Охрид“, вели Димоски.„Заинтересираноста за учество на фестивалот е огромна, па се надеваме дека традицијата на истиот ќе ја продолжиме и во наредните години“, вели тој.
Фестивалот ќе трае до 31-ви овој месец, а учество ќе земат 40 хорови со неколку стотини  хористи од Норвешка, Унгарија, Данска, Чешка, Литванија, Летонија, Полска, Хрватска, Босна и Херцеговина, Норвешка, Унгарија и Данска.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top