Но, не за да уживаат во музиката туку беа во работна посета. Ги посетија концертите на музчките звезди како што се Аца Лукас, Ван Гог, Роџер Санчез и други, но на овие музички забави на четири плажи им изрекле глоба во висина од 2500 евра или наплатиле казни од околу 20.000 еврa вели Ѓорѓи Бошалески началник на пазарниот иснпекторат. Плажите имаат само решенија за летни бавчи, но немаат дозволи за кабареа, ноќни и диско клубови па заради тоа беа изречени и казните кажува Бошалески.
Инспекторите не пропуштија до го контролираат и почитувањето на забраната за точење алкохол на малолетни лица. Тие потенцираат дека со Законот за забрана на точење на алкохол на малолетници е постигнат голем напредок во спречување на конзумирање на алкохол кај малолетниците.
„Во голем процент беше намалено пиењето по парковите со што законот вроди со плод. Кон тоа придонесе и забраната за продавање алкохол во бензиските пумпи “ додава Бошалески.
Во заедничка акција, инспекторите и полицијата во месец август при последната контрола зеле и чекаат резултати од 5 примероци. Доколку резултатите се позитивни за објектите кои не ја почитувале забраната следуваат казни во висина од 2500 евра вели Бошалески.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град