Што беше тоа договор на дело?

Продолжува неизвесноста за 25-те вработени лица со договор на дело во детската градинка „Јасна Ристеска“.

 |  Валентина Нелоска  | 

На овој начин се ангажирани воспитувачки, негувателки и технички персонал, на испразнети места од пензионирани работници   велат од локалната самоуправа. Министерството за труд и социјална политика и понатака ги  игнорира нашите барања за регуларни вработувања вели Митре Велјаноски, советник за образоавние и воспитување во локалната самоуправа. Досегашните контакти  за да се регулира вработувањето на овие луѓе со статус на неопределено работно време не вродија со плод.

Ресорното министерство не го  почитува ни одобренито дадено  од Министерството за финансии. За да не згаснат градинките принудени сме да вработуваме кадар на начин со кој се  крши Законот објаснува Велјаноски. Иако Министерството мора да го почитува законот тоа не го прави и слободните места не се пополнуваат на законски  начин додава Велјаноски.
Општината Охрид  сеуште не е во втора  фаза на децентрализација и нема наменски средства да ги покрива трошоците за работните места во установата. Со тоа трпат и варботените и децата затоа што за група од 30 до 40 деца се грижи една негователка. Доколку се тера самоволие општината ќе мора да ги затвора објектите, а последиците ќе ги трпат родителите и децата вели Велјаноски.
Тој укажува  дека ова ситуација во детската градинка „Јасна Ристеска“ трае скоро  8 години.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top