Една жена загинала, а друга е тешко повредена во судир на два глисери, кој се случи вчера во водите на Охридското езеро.
Судирот меѓу двата глисери се случил во близина на каналот Студенчишта. Како што дознава ТелевизјА ТВМ, од засега непознати причини едниот глисер се забил во другиот, поминувајќи врз него.
Во инцидентот загинала скопјанката Ирина Руменова Муцунска (39) сопруга на директорот на претставништвото „Порше Македонија“, а тешкоповредена била Ивана Шапкар (25) која по несреќата е префрлена во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“, од Охрид.
Според неофицијални извори едниот глисер го управувала сега веќе покојната Ирина, а додека вториот го управувал Христијан Шапкар (син на охридскиот бизнисман Венко Шапкар) во кој се наоѓала и повредената сопруга Ивана. Ова е прва жртва во Македонија, која својот живот го загубила во судар на два пловни објекти.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град