Дали партиската книшка ќе биде клуч

Политичките збиднувања меѓу охридските политички партии повторно станаа актуелни.

 |  Билјана Николовска  | 

Се ближи рокот до кој градоначалникот Петрески треба и официјално да назначи директори на Јавните претпријатија во Охрид. Но дали сето тоа ќе биде условено со партиска книшка на одредена политичка партија, ќе се знае најдоцна до утре.
Спроведување на политичката платформа на СДСМ во Советот на општината, а не поддршка по секоја цена за градоначалникот, беше една од главните заложби на претседателот на ОО на СДСМ Науме Јованоски, кажано во изјава за ТВМ на денот на неговото назначување.  
По се изгледа, настапува период кога заложбите и препораките на СДСМ на централно ниво, мора да се применат и на локално ниво. Наближува рокот, до крај на летната сезона, кога градоначалнкот Александар Петрески  треба и официјално да ги наименува првите луѓе на ЈП во Охрид. Можеби и оттука се повеќе се шират гласините дека партиската книшка на одредена политичка опција треба да биде клуч за директорското место. Овие гласини допреле и до ВД директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ Сашо Алчев. Тој изјави дека останува во тимот на Петрески се додека градоначалникот не пресече.
Од друга страна пак, градоначалникот Александар Петрески, сите овие гласини ги отфрла како неточни. Тој вели дека тоа се лажни политички шпекулации,  непропуштајќи да го посочи дежурниот виновник за нивното лансирање – ВМРО ДПМНЕ.
Неофицијално дознаваме дека вечерва, а најдоцна утре, охридските социјалдемократи ќе одржат состанок. Во краткиот телефонски разговор, претседателот на ОО на СДСМ од Охрид Науме Јовановски  за нашата телевизија изјави дека сеуште во партијата се врши преструктуирање на членството и дека после одржаниот состанок се ќе биде појасно.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top