Охридското Езеро ќе биде порибено со околу 25 илјади парчиња јагула, со просечна тежина од 32 грама. Со овој начин на порибување, јагулата е се по присутна во езерските води, кажува Димитар Талески стручен соработник од институтот за сточарство,РЕ Мрестилиште Шум. Практиката на порибување на Охридското Езеро со јагула е воведена во 70-тите години на минатиот век и трае цели 4 децении.
Поради изградбата на хидроцентралите на реката Црн Дрим, беше физички спречен природниот пат на јагулата од езерото да се мрести во Сарагасово море. Оттогаш езерото вештачки се порибува со млади јагули, а обврската за порибување ја презема ЕЛЕМ со по 750 килограми подмладок на јагула годишно. Раководствата на ЕЛЕМ се менуваат, но ние ги потсетуваме на нивната обврска истакна директорот на Институтот за сточарство, д-р Боне Палашески. Ова што денес се случува е единствениот начин како да се одржи целокупниот систем. Со охридското езеро треба плански да се управува, а не со забрани категоричен е Дејан Паноски од билатералниот секретаријат на Охридско езеро,кој беше присутен на денешниот чин.Порибувањето со јагула продолжува и утре, во деловите кон Грашница и Канео, а од понеделник јагули ќе се пуштат и во струшкиот дел од езерото.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град