Во Струга по 48-ми пат започна да се слави поезијата

Со стиховите  „Т’га за југ “ и свеченото палење на факелот пред Домот на културата започна 48-то издание на  манифестацијата Струшки вечери на поезијата.

 |  Валентина Нелоска  | 

Поетите од сите континенти, меѓу кои и годинешниот лауреат словенечкиот поет, Томаж Шаламун, големиот број гости и почитувачи на поезијата, ги поздрави, и вечерите за отворени ги прогласи Министерот за култура Елизабета Канческа Милеска. „Да посакаме сите мали и големи јазици на светот да бидат велесила на уметничкиот збор затоа што само тоа ја брани идејата на човечката надеж и вечност во цивилизациската меморија, истакна  при тоа Милеска.

Струшките вечери на поезијата станаа симбол на овој град и голем празник за сите нас, кој ги облагородува нашите души, ги поздрави поетите од светот и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Поетите од целиот свет продолжуваат да ја пренесуваат пораката за мир и пријателство, а на тие му го подарија на овој град најубавиот јазик-јазикот на поезијата рече Мерко.   
Специјален гостин на отварањето на Струшките вечери на поезијата беше светски познатиот пијанист Симон Трпчески, кој одржа концерт, а во музицирањето  му се придружи и виолинистот Ѓорѓи Димчевски. Се одржа и традиционалното поетско читање Поетски меридијани , а беше преставен и сенегалскиот поет Осман Сар, добитник на наградата   на Унеско, „Струшки мостови“.  
Вечерва во Заливот на коските, кај Градиште ќе биде  преставена Норвешката  поезија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top