Сирење и вино во Охрид

Дваесеттина македонски производители на сирење и вино, утре своите производи ќе ги експонираат на плоштадот кај Чинарот, така што сите што сакаат, ќе можат да вкусат и купат од овие македонски производи.

 |  Билјана Николовска  | 

Заштитена традицијата на старото добро македонско вино и сирење. За петти пат после една година пауза фестивалот на вино и сирење повторно во Охрид. Дваесеттина македонски производители на вино и сирење утре ќе им ги понудат своите производи на сите гурмани. Градоначалникот на Охрид Александар Петрески, вели дека земјоделството е во подем заради се поголемата блискост на општина Косел, и можноста да се конзумираат производи од еколошки здрава храна. Затоа фестивалот заслужува да му се се даде приоритет. 

Очекувањата на организаторите, фестивалот да влезе во програмата на локалната самоуправа и секторот за локален економски развој се големи, вели референтот по земјоделие Раде Вељаноски.  Фестивалот заслужува да добие меѓународен карактер додава тој.
Причината заради која минатата година овој фестивал во последен миг се одложи беа финансиите вели Вељаноски. Парите наместо за фестивалот завршија во Кичево додава тој.
Да се надеваме дека пропустот од минатата година што сериозно го попречи одржувањето на фестивалот за вино и сирење, нема повеќе да се повтори. И овој фестивал да ги исполни очекувањата на организаторите да биде заштитен во програмата на локалната самоуправа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top