Се одиграа преостанатите 5 натпревари од лигата на шампиони и повторно поголем успех имаа гостинските екипи.
Левски – Дебрецин 1:2
Едно од двете изненадувања е победата на унгарскиот Дебрецин на гостувањето во Софија. Боднар во 12. и Цвитковиќ во 76. минута беа стрелци за гостите, а Брандон во 51. минута го постигна единствениот гол за Левски.
Лион – Андерлехт 5:1
Францускиот претставник речиси со една нога е во лигата на шампиони. На Жерлан веќе во првото полувреме беше 4:0, а за тоа водство погодија Пјаниќ, Лисандро, Бастос и Гомик кој во второто полувреме погоди уште еднаш, а почесниот гол за андерлехт го постигна Суарез.
Панатинаикос – Атлетико Мадрид 2:3
Во еден одличен натпревар шпанците речиси ја завршија целата работа околу понатамошниот пласман. Макси Родригез во 36. минута стрелаше за водство на Атлетико, но на почетокот на второто полувреме Сплингидис израмнува на 1:1. Во 63. минута Диего Форлан зголеми на 1:2, а седум минути подоцна Агуеро го постигна третиот гол за гостите. Конечниот резултат го постави Лето во 74. минута.
Ред Бул Салзбург – Макаби Хаифа 1:2
Најголемото изненадување секако го направи израелскиот претставник Макаби од Хаифа кој благодарение на Гарид и Арбетиман славеше во австрискиот Салзбург. Единствениот гол за домашните го постигна Циклер.
Вентспилс – Цирих 0:3
И швајцарците се чини уште во првиот натпревар обезбедија учество во групите на лигата на шампиони. Волантен во 12. Агертер во 55. и Ѓуриќ во 75. минута погодија за мирен реванш на домашен терен.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град