Паднаа во вода обвинувањата на Петрески дека нема комуникација помеѓу владата и локалната. Груевски вели дека соработката е на задоволително ниво.
Паднаа во вода обвинувањата на Петрески дека нема комуникација помеѓу владата и локалната. Груевски вели дека соработката е на задоволително ниво
Премиерот Никола Груевски и градоначалникот Александар Петрески денеска продискутираа за проблемите на Охрид. Се обврзаа дека во иднина локалната и централната ќе имаат многу заеднички проекти во интерес на Охрид и Македонија. На денешната средба, меѓу другото, Премиерот ги поби обвинувањата на Петрески дека локалната нема никаква комуникација со централната власт. Последен пат Петрески упати вакви обвинувања кон премиерот пред една недела, во рамките на гостувањето во емисија на ТелевизијА ТВМ.
„Сум испраќал многу писма до премиерот но не сум се сретнал со него. Со Министерот за транспорт и врски имаме добра комуникација, но со премиерот досега не сум имал средба“, изјави градоначалникот.
Спротивно на овие обвинувања на градоначалникот на Охрид, Премиерот тврди дека комуникацијата помеѓу локалната и централната власт е на одлично ниво.
„Јас со градоначалникот имав средба минатата година, а Петрески и Министерот за транспорт и врски се имаат сретнато преку 50 пати. Комуникација има. Ние се обидуваме да помогнеме онаму каде можеме“, потенцира Премиерот.
Средбата Груевски-Петрески доаѓа една недела по посетата на американскиот амбасадор Рикер на Охрид, на која охридскиот градоначалник се пожали на нефункционирањето на децентрализацијата и слабата комуникација помеѓу централната и локалната власт.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град