Фестивалот „Охридско лето“ во рамки на театарската програма, во самата завршница, на сцената ја постави претставата „Браќа Карамазови“, во изведба на театарот од Битола.
Наближува крајот на 49тото фестивалско издание на „Охридско лето“. Вечерва љубителите на театарската уметност ќе можат да го проследат настапот на театарот од Битола, кој на охридската сцена се навраќа по пауза од неколку години. Режисерот на претставата, Дејан Пројковски, изрази огромно задоволство што организаторите покажале разбирање и му овозможиле да се претстави во рамки на фестивалот, што за него е голема чест.
„Прашањата кои секој човек себе си си ги поставува за животот и смртта, за љубовта, простувањето, за бесмртноста и едно од најчесто поставуваните прашања: дали Бог навистина постои или не, или сепак треба да го бараме длабоко во нас, се темелот на претставата“, вели Пројковски.
„Да се работи „Браќа Карамазови“, потребна е силна актерска екипа“, вели режисерот Пројковски.„ Затоа, со големо внимание е одбрана токму оваа“, вели тој.
„И по долгогодишното искуство сепак постојат големи предизвици, а токму таков е и оваа претстава“, вели актерот Петар Горко, кој го толкува главниот лик во претставата.
„Јас сум многу задоволен од фантастичната поделба на улогите која ја направи режисерот, и воедно за соработката која беше беспрекорна“, вели тој.
„Јас лично, јавно го изразувам своето задоволство што театарот од Битола, традиционално, повторно е на сцената на „Охридско лето“, вели актерката Соња Михајлова.
„Самото претставување овде, се надевам дека ќе биде позитивен импулс за работата на битолскиот театар“, вели таа.
Претставата „Браќа Карамазови“ ќе биде изведена вечерва, на сцената на центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 21часот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град