Високата школа за новинарство и односи со јавноста

Од минатата година, потенцијалните студенти имаат можност да се определат за уште една специфична дејност.

broshura
брошура

Од минатата година, потенцијалните студенти имаат можност да се определат за уште една специфична дејност.

MIMМакедонскиот институт за медиуми од минатата година ја формира првата „Висока школа за новинарство и односи со јавноста“ во Македонија. Таа е акредитирана од Министерството за образование и наука и студиите се според Европскиот кредит- трансфер систем.  Деновиве привршува рокот за запишување на студенти на новата генерација 2009-2010год. Квотата предвидена за оваа година изнесува 70 студенти и тоа по 35 студенти пооделно за двете студиски програми „Новинарство“ и „Односи со јавноста“.„ Ова е прва високообразовна институција во Македонија во која новинарството и односите со јавноста се изучуваат како две посебни студиски програми“, вели Александра Теменугова, раководител на програмата. Истите се многу вешто поделени и нудат навистина позитивни ефекти, во процесот на изучување, вели таа.

„Кога потенцијалниот студент ќе си го постави прашањето: зошто да се студира токму на оваа висока школа, секако постојат неколку предности да се преферира истата“, вели Теменугова. Пред се поради самиот принцип на учење кој таму се применува, а тоа е работа во мали групи која овозможува помала формалност во односот со професорите, а секако повеќе комуникација и практична работа.„ Секој студент кој ќе заврши на овој институт уште по првиот ден ќе биде квалификуван да работи во било која редакција, онлајн медиум, пишан медиум или пак во радио. Исто така, голем е успехот на студентите од отсекот за односи со јавноста“, вели Теменугова.

„Ние сме горди што голем број на реномирани компании, во дел од нивните проекти, овозможуваат вклучување на наши студенти во нивните кампањи. Секако, многу е важен продуктот на таа соработка, а досега имаме само позитивни ефекти“, вели Теменугова.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top