Годинава по единаести пат се одржаа Македонски културни конаци.
Годинава по единаести пат се одржаа Македонски културни конаци во Струга. Овој настан е уште еден доказ дека македонската култура има богата традиција не само кај нас туку и надвор од нашите граници.
Камбаните во црквата Св Ѓоргија во Струга денес го најавија почетокот на манифестацијата „Македонските духовни конаци“. По единаести пат Струга е домаќин на овој значаен настан кој има национален, духовен и културен карактер. Оваа манифестација ја карактертизирааат и наградите „Велја Кутија“ за книга, „Духовен Воин“ за личности од земјата и странство, воини за македонската кауза. Претседателот на Управниот одбор на Македонските духовни конаци проф.д-р Љубинка Басотова, рече дека за овој настан се подготвуваат преку цела година. Таа додаде, да се работи на зачувување на македонската културна традиција бара добра селекција на квалитетни и истакнати личности академици, пред се заслужни со своите дела.
Главната награда „Велја кутија“, ја понесе писателот Веле Смилевски, за книгата „Совршена тишина“. Тој изрази посебно задоволство што ја добил оваа награда, и потенцира дека преку ваквите манифестации се гради, докажува и профирила културниот македонски идентитет.
Наградата „Духовен Воин“, што манифестацијата ја доделува на личности од земјата и странство ја понесе академик Иван Катарџиев од Македонија и Едмонд Темелко градоначалникот на Пустец Албанија. Странскиот претставник градоначалникот на Пустец Темелко оваа награда ја доби за исклучителни резултати за достоинството на македонската кауза, преку неговата силна заложба во одбрана и афирмација на македонскиот идентитет. Оваа награда ја носам кај мојот народ,зад кој јас прв застанав во борбата за остварување на правата на македонците во Албанија истакна Темелко.
Академик Иван Катарџиев, годинешниот добитник на „Духовен Воин“, како личност од земјата, ова високо признание го добива за неговото перманентно ангажирање во сиот свој историографски опус. Тој, бескомпромисно се пројавува како самопрегорен воин за македонскиот идентитет. Неговото најново дело „Македонската емиграција во Бугарија (1944-1950), каде што се презентирани нови сознанија и документи за активности на занчајни македонски имиња, кои што дејствувале во Бугариај за македонската истрајба, е за посебно одбележување во афирмацијата на нашето национално битие. На манифестацијата присуствуваа голем број академици, гости и личности одговорни за реализација на настанот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град