Метереолошка станица си доби лифтинг

Руинираната, метереолошка станица по долги години доби нов изглед.

 |  Валентина Нелоска  | 
logo
лого

Државата конечно одобри средства за заборавените метереолошки станици во државата меѓу кои е и Охридската. Раководителот на метереолошката станица, Трајче Здравев вели за оваа намена се одобрени 1.200.000 денари, а за реновирањето досега се префрлени 600.000 денари.

Trajce ZdravevСо поправката на зградата се подобруваат условите за работа кажува раководителот на метереолошката станица Здравев.  Се најдоа пари за реконструкција на  фасадата, кровот, вратите и прозорците. Обновата на мерни  инструменти, сепак ќе почека поубави времиња. Ќе се чека периодот по нова година и ребалансот на буџетот.

„Станува збор за мошне скапи инструменти , како на пример автоматската станица или аерометарот кој чинат по 10.000 евра“ вели Здравев.

Во зградата на метереолошката станица се сместени и простории за летување на вработените на Управата. Подобрени се условите за престој на вработените кои ќе престојуваат преку синдикатот вели Здравев. За таа цел е уредено  дворното место, а е изграден и видиковец.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top