Инвестицијата вредна 4-5 милиони евра за изградба на хидроелектраните од страна на Турбо институт „Феро инвест“, наредните триесетина години ќе биде спас за двете општини Струга и Охрид.
Комплетирани сите документи за изградба на четирите мали хидроелектрани на „Летнички извори“. Тоа беше дел од обврската на МЈП „Проаква“..
Изградбата на истите последниве две години, се испостави дека е најсоодветно решение за решавање на проблемот со електричната енергија на МЈП „Проаква“. Документите за добивање одобрение за градба и употребната дозвола беше единствената обврска на МЈП „Проаква“, а финансискиот дел во вредност од некаде 5 милиони евра комплетно е на терет на партнерот „Феро Инвест“. Со ова општините Охрид и Струга добиваат инвестиција која останува во нивна сопственост, вели првиот човек на „Проаква“ Бранислав Трпчевски.
Одржувањето на хидроелектраните паѓа на товар на партнерот „Феро инвест“, вели Трпчевски. Неговите очекувања се дека во период од три децении, ќе се надминат постоечките проблеми околу снабдувањето со електрична енергија, но ќе има и видни подобрувања во водоснабдувањето.
Да се надеваме дека со изградбата на малите хидроцентрали проблемот со снабдување на електрична енергија ќе влезе во архивите на „Проаква“, барем за период од триесетина години, тврдат одговорните.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град