„Еколозите“ обвинуваат, „Mетеоролозите“ се бранат

Навистина несовесно однесување кон белодробието на Охрид, обвинуваат екологистите од градов.

drva
дрва

Навистина несовесно однесување кон белодробието на Охрид, обвинуваат екологистите од градов.

На дрвата кои се исечени им беа потребни 50год. да израснат, а луѓето од метеоролшката станица ги исекоа за приватни потреби.

„Сведоци сме на уште еден пример на несовесно однесување кон благодетите на природата“, обвинуваат еколозите од Охрид.

drva„Пред 50год. ученици од повеќе училишта од градот и дел од жителите на Охрид  засадија  борова шума на потегот над  училиштето „Св. Климент“, а сега вработените од метеоролшката станица се дрзнаа истата да ја исечат и тоа за приватни цели. Не ни е јасно до каде се достигнува човековата дрскост, па на вака груб начин се откинува дел од белодробието на Охрид“, вели Ванчо Стојаноски од еколошкото друштво „Грашница“.

„Ќе превземеме се што е во наша надлежност, ваквата слика никогаш повеќе да не се повтори“, вели тој.

„Нам ни е сосема јасно од кого и зошто обвинението ни се префрла нам“, вели Трајче Здравев, раководител на метеоролошката станица во Охрид.

„Долгогодишните нерасчистени приватни односи со соседот ни се рефлектираат на секаков можен начин. Истиот по секоја цена се обидува да фрли сенка врз нашето работење, и да изнајде начин да се препира со нас“, вели Здравев.

„И овојпат се повторува истата приказна. Сосема одговорно, и без ронка вина тврдам дека немаме, ама баш никаков удел во ова нагрдување на природата“, вели тој. „Во кругот на метеоролшката станица, признавам дека се исечени дрвја, меѓутоа дрвја кои навистина пречеа во нашата работа и за чие што сечење имаме уредна дозвола“.

„Чија и да е вината за ова нагрдување на природата, навистина не е во ред. Кој и да го сторил истото, нека му оди на совест, ако воопшто ја има“, велат граѓаните од овој дел на градот.

„Посакуваме ваквата слика никогаш повеќе да не се повтори“, велат тие.

Инаку ова не е прв случај кој го има обработено информативната  редакцијата на ТВМ. Во повеќе наврати бевме сведоци на вакви немили настани, и дадовме свој придонес во изнаоѓање на решение за истите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top