Пет натпревари од квалификациите од европската зона за Светското првенство во фудбал во Јужна Африка 2010 година ќе го одбележат денешниот ден.
Пет натпревари од квалификациите од европската зона за Светското првенство во фудбал во Јужна Африка 2010 година ќе го одбележат денешниот ден.
Во групата 9, во која настапува и Македонија, во Осло ќе се сретнат Норвешка и Шкотска, репрезентации кои заедно со нашата имаат шанси да го освојат второто место што води во баражот. Холандија со 21 бод е прва во групата 9 , Шкотска и Македонија имаат по 7, Исланд 4 и Норвешка 3. Единствено Исланд е без шанси за второто место.
Во другите натпревари во групата 3 играат Словенија – Сан Марино. Германија гостува кај Азербејџан во натпревар од групата 4. Групата 6 го носи дуелот меѓу Белорусија и Хрватска, додека Франција во рамките на натпревар од групата 7 гостува на Фарски острови.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град