Урбаната опрема, нужно зло?

Комуналните и инспекторите за храна со врзани раце. Сопствениците на тезги ги злоупотребуваат добиените дозволи. Од Локалната самоуправа објаснуваат дека тезгите за продажба на храна се пренаменуваат.

 |  Валентина Нелоска  | 
pcenkar
пченкар

Комуналните и инспекторите за храна со врзани раце. Сопствениците на тезги ги злоупотребуваат добиените дозволи. Од Локалната самоуправа објаснуваат дека тезгите за продажба на храна се пренаменуваат.
skaraНиз охридската чаршија и ова лето се продаваат крофни и пченки на импровизирани тезги. Со тоа не се испочитуваа најавите од Дирекцијата за храна дека  летово  низ охридската чаршија нема да има место за ваков  вид на продажба на храна. Сега инспекторите велат дека не можат да постапуваат според законот затоа што сопствениците на ваквите тезги им покажуваат одобренија за работа добиени од страна на Секторот за урбанизам. Овој став на инспекторите не го  негираат од општина Охрид. Објаснуваат дека сопствениците на тезгите ги злоупотребуваат барањата и добиените дозволи. Многу лесно може да се добие дозвола за поставување на ваков вид на урбана опрема, затоа што единствени услови се времетрањето на закупот и квадратурата на локацијата. Вината за тоа ја лоцираат во минатиот состав на Советот на општина Охрид.

„Ова е пропишано со одлука  на Советот. Годинава оправдување се наоѓа во  одлука изгласана од поранешниот состав на Советот. За доброто на граѓаните догодина оваа одлука за поставување на урбана опрема ќе мора да претрпи корекции“, укажува Манески.

Се наметнува прашањето дали со поставувањето на импровизирани тезги, чадори, маси и столици на пешачките зони, туристичкиот „бисер“ добива нешто или се сведува на изглед на евтин панаѓур. Тоа се случи и на прославата на патрониот празник на градот, Св. Климент, кога чадеа пченки и како главен декор во позадината на бината беше рекламен шатор од производител на пијалоци. Од Локалната смоуправа велат дека  годинава до месец август, во општинската каса од одобренија за поставување на ваква урбана опрема се инкасирани 2,5 милиони денари.

Дали за касата на општината, чиј годишен буџет е околу 6,5 милиони евра, се толку значајни овие 39 илјади евра и дали е тоа цената за која Охрид продаде дел од својата оргиналност и  препознатливост?

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top