Ќе се чисти Н.П. „Галичица“

Во природата нема место за отпадоци. Тој проблем не го заобиколува ниту НП. Цврстиот отпад претставува најголема закана за природното богатство на паркот.

 |  Николовска Биљана  | 
otpad
отпад

Во природата нема место за отпадоци. Тој проблем не го заобиколува ниту НП. Цврстиот отпад претставува најголема закана за природното богатство на паркот.

otpad
НП „Галичица“ и ЈП „Охридски Комуналец“, во заедничка борба против сметот и дивите депонии. Конечно се постигна договор да се исчисти паркот од секаков вид на отпад. Стратегија за управување со цврстит отпад веќе е во имплементација, се очекува акција од Комуналец.

Досега на „Галичица“ не е посветено внимание на проблемот со управување на цврстиот отпад. Последиците врз животната средина и природните вредности веќе се присутни во паркот, велат од НП „Галичица“. Од таму додаваат дека поради тоа изработена е стретегија за управување со цврстиот отпад која подразбира, посетителите на паркот да го понесат со себе отпадот кој го создале при својот престој. Корпи за отпадоци ќе се постават само на одредени локации во паркот а од тука ќе се врши организирано собирање и транспорт на отпадот вели првиот човек на Галичица Зоран Ангелоски. НП „Галичица“ преку тендерска постапка го одреди Охридски Комуналец за подигање на сметот.

Директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ Сашо Алчев, вели дека во секое време подготвени се за соработка со НП. Тој додава дека уште утре ќе се зафати за работа, но опоменува дека во делот на паркот треба да се превземат и дополнителни мерки

Управувањето со отпад подразбира избегнување и намалување на количеството на создадениот отпад и негативното влијание врз животната средина, животот и здравјето на луѓето. Во рамките на паркот постојат 17 населени места кои припаѓаат на општините Охрид и Ресен. Уште неделава се очекува да отпочне првата фаза на чистење која опфаќа површина 400-500 метри кубни. Стратегијата за управување со цврст отпад предвидена е за период од пет години.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top