Книгата за прв пат беше претставена во Љубојно, а авторот најавува промоција на неговиот труд и во Охрид.
„Охридско преспанскиот регион не е само природно геогравска и хидрогравска целина, туку има и заеднички можности за стопанска активност“, вели авторот на книгата „Охридско преспански стопански хоризонти“,м-р Јонче Филипоски.
„Подолго време се занимавам со истражување на економските прашања во периодот на транзицијата на ова подрачје. Проблемите ги анализирам како неделива целина како мезоекономски регион, во рамките на макроекономските политики во Р Македонија“, вели авторот на книгата, Филипоски.
Книгата е составена од 11 глави. Се започнува со општи поими за Охридско преспанскиот регион и неговото значение за економскиот развој на подрачјето, потоа се продолжува со природните карактеристики и геогравската положба на регионот, преку ограничувачките фактори ,појави, проблеми и влијанија во Охридско преспанските стопански процеси и текови за да заврши со перспективни насоки за регионалните стопански текови во Охридско преспанскиот регион. Книгата беше промовирана во Љубојно, по повод 36 те Љубански илинденски иселенички средби.
За придонесот во стопанството Јонче Филипоски има добиено признание од Општина Охрид, а за вкупниот општествено економски развој е награден од Претседателот на Републиката со орден на трудот златен венец. По мноштво други признанија за особен придонес во подемот на Охрид, На м-р Филипоски му беше доделена Повелба на општина Охрид Св Климент Охридски патронот на Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град