И воздухот се наплаќа на охридските плажи

Екипата на ТВМ телевизија по неодамнешната вечерна прошетка по охридската чаршија, денеска ги обиколи и плажите на охридското крајбрежје. Барајќи соодветно место за плажирање останавме неискапени.

napis
напис

Екипата на ТВМ телевизија по неодамнешната вечерна прошетка по охридската чаршија, денеска ги обиколи и плажите на охридското крајбрежје. Барајќи соодветно место за плажирање останавме неискапени.

plazaСлободен ден, убаво време па каде ако не на плажа. За секој случај зедовме и камера за се да остане овековечено, бидејќи некои доживувања се случуваат само еднаш и никогаш повеќе. Решивме да не одиме многу далеку па отидовме на плажата СВ. Стефан. Само што сакавме да го паркираме возилото и да се растовариме, приметивме на едно дрво ставен плакат со натпис „забрането носење пијалоци и храна од дома“. Ни се расипа расположението зошто половина час утрово подготвувавме ладни сендвичи, а си купивме и сокчиња мислејќи дека на тој начин поевтино ќе поминеме земајќи ги во предвид превисоките цени по охридските плажи. За да не биде доаѓањето залудно решивме барем да прошетаме и да видиме што се нуди плажата. Гледката не изненади. Речиси целиот простор запоседнат со лежалки и тоа од два вида- дрвени со цена од 150 ден. И пластични кои се изнајмуваат по цена од 100 ден. Само мал дел од плажата беше оставен за слободно користење, но и тоа мало парче беше прекриено со отпушоци па наместо на крпа слободно можеш да легнеш над нив и да се сончаш.

plazaНиту трага од  почитување на договорот за добивање на плажите под концесија во кој стои дека 60% од просторот е предвиден за поставување на  лежалки а 40% за користење на плажата по желба на гостите. Во очи ни паднаа и кабините за преслекување. По некое си правило ова би требало да бидат објекти кои ќе понудат интимност за оној кој има потреба истите да ги користи. Но во овој случај тоа навистина не е така, или има некој што мисли поинаку?Воодушевени бевме и од понудата за прехрана. Навистина изборот е голем. Оџаците чадат, се подготвува нешто вкусно. Гостите кои ќе се одлучат за дел од понуденето откако ќе ја добијат сметката  се фаќаат за глава. Па дали е можно големината на порциите и криглите да не игра улога во висината на цената? Згора на се во Охрид како на ниедно друго место во светот дури и воздухот се наплаќа, е па тоа навистина фрустрира, велат туристите со кои поразговарав.

Продолживме во потрагата на плажа каде ќе можеме да уживаме. Стигнаве на плажата Белви. Само што се израдувавме дека го најдовме вистинското место сфативме дека на оваа плажа нема спасувачи иако тоа е задолжително за сите плажи. Низ глава ни помина мислата, а што ако некој се дави. Кој ќе му помогне. И оваа плажа не е вистински избор па продолживме понатаму. Стигнавме Лагадин и веднаш се сретнавме со проблемот за паркинг. Навистина се поставува прашањето по кои стандарди се одредува делот за кој се наплаќа паркинг и колкава е таа сума, дали 50 денари 60 или нешто повеќе. А за иновативноста на оние кои правно или бесправно си направиле паркинг простор не треба ни да се зборува. Од толку возбудувања огладневме. Врвно доживување беше миризбата на надалеку прочуената „Лесковачка скара“на најфрекфентниот дел од патот во непосредна близина на плажата „Лагадин“. Оној кој ќе се одлучи да  вкуси од овие специјалитети ќе добие и бесплатен зачин од издувни гасови на возилата кои постојано тука сообраќаат. Е па храбри  гурмани ви посакуваме „Добар апетит“, искрено иако гладни ние не се осмеливме да пробаме. За крај ако  добро се најадовте, следува едно добро туширање или капење.  

Знаејќи дека во Охрид и околината многу често се случува да има недостаток од вода, „слободно“ и без размислување искористете го Охридскиот бисер, езерото. Само не заборавајте да си понесете шампон за коса или за туширање па така бисерот ќе стане уште побел.

Ваквата ситуација ја затекнавме речиси секаде по охридското крајбрежје, со чест на неколку исклучоци, па така, за капење, ќе почекаме, за одмор, ќе почекаме уште многу, многу…

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top