Крај и нов почеток за 370 матуранти

370 матуранти 2008/2009 од општинското средно училиште  Св. Климент Охридски  го прославија збогувањето со средното образование.

 |  Валентина Нелоска  | 
Ljubisha Mashanovic
Љубиша Машановиќ

370 матуранти 2008/2009 од општинското средно училиште  Св. Климент Охридски  го прославија збогувањето со средното образование.

Од името на генерацијата 2008 /2009 до присутните се обрати ученичката Емилија Велеска.

maturanti„Ние Климентовите матуранти од генерацијата 2008 /2009 сме по многу нешта посебни, спротивни, но и исти. Ние сме симфонија, одзвук светлозрачен , мост од исконата до иднината, ние сме буч кој надоаѓа преполн со сила и знаење, моќ и љубов“ рече во своето обраќање Велеска.

До завршените средношколци честитки упатија  градоначалникот Петрески и директорот на училиштето  Љубиша Машановиќ.  

Обајцата порачаа дека оваа генерација е нашата иднина и од нив очекуваат понатамошен успех во процесот на образованието.

Матурантите на свеченоста изведоа пригодна музичка програма, а беше прикажан и краток филм за успесите и посебностите на генерацијата матуранти 2008/2009.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top