Точна бројка на гости сеуште нема

Новинарите најчесто пласираат цифра која се сведува на слободна проценка.

 |  Николовска Биљана  | 
stanica brojna
станица бројна

Новинарите најчесто пласираат цифра која се сведува на слободна проценка. Нашата екипа направи напор да го открие тој податок и постапката како се доаѓа до него.

patНема прецизен податок за бројот на туристи во Охрид. Гости има, но колку точно никој не знае. Релевантните иституции доцнат со ваквите информации, па се наметнува прашањето колкава е нивната ажурност.  Број на гости во јули, ќе имаме дури на 15 Август, велат од Секторот за локален економски развој и туризам. Одговорниот Гоце Симоноски, рече дека кулуминација на туристи е забележана за враме на илинденските празници. До 15 август станоиздавачите и хотелиерите треба да ја измират туристичката такса за привремен престој за месец јули, што претставува основ за пресметка на посетеноста на градот, објаснува Симоноски.

Според потрошувачката на вода во овој период пак, бројот на гости го има достигнато плафонот, велат од МЈП „Проаква“. Директорот Бранислав Трпчевски рече дека ќе мора под итно  да се размислува за обезбедување дополнителна количина на изворска вода.

Колчината на подигнат смет во споредба со минатото лето за неколку проценти е поголема, вели директорот на „Охридски Комуналец“ Сашо Ачев.
Бројот на гости не може да се види ниту по бројот на возилата кои влегле или излегле од градов Македонија пат како одговорна за магистралните патиштата за таа цел поставила бројни места. Лазе Ставрески, директорот на Македонија пат, не информира дека во Охрид има 4 такви и тоа: на Аеродром, на излез од Косел, во двете насоки кај Билјанини Извори и Трпејца.

Тука компјутерски се регистрираат и обработуваат податоци за изминати возила на  магистралниот пат. Според укажувања на „Македонија пат“, минатата година во овој период имало денови кога во едно деноноќие поминувале 39.000 возила.

Од „Македонија пат“ велат дека сеуште немаат податоци бидејќи истите квартално се обработуваат од страна на републички службен сектор. Податоци за бројот на возила во летниов период ќе има дури во Септември.

Бројките и не би биле толку важни доколку не се еден од најрелевантните показатели од кои се гледа во која насока се движи развојот на туризмот. Колку побрзо бидат обработени толку побрзо институциите ќе можат да ги согледаат негативностите и истите да ги сведат на минимум.Туризмот не трпи одлагање на проблемите. Доволно е да се видат примерите на туристичките центри од нашето опкружување како што се оние во Хрватска па да се види како се работи. Таму прибирањето на податоците е експресно и доколку има отстапување од предвиденото веднаш се реагира.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top