Се помалку има време за кампирање

Авто Кампот „Елешец“ се наоѓа на 9 километри од Охрид и  располага со 270 закупени приколки.

 |  Валентина Нелоска  | 
kamp
камп

Авто Кампот „Елешец“ се наоѓа на 9 километри од Охрид и  располага со 270 закупени приколки.

kampВо моментов во него нема слободни  места, а  летуваат околу 900 домашни кампери вели управникот на кампот Светомир Гаврилоски. Гаврилоски не се согласува со констатацијата од некои кампови дека опаѓа интерсот за овој вид на летување. Тој смета дека приватизацијата си го прави своето. Ако некогаш  се кампирало и по три месеци, сега има викенд кампирање. Од петок до недела , капацитотот е исполнет и до  99,99 посто. Сега трката по егзистенција  дозволува кампирање едвај 30 дена потенцира Гаврилоски.
Во кампот годишно за закуп на камп приколките се плаќа до 27.500 денари. Во текот на 24 часа тука  посветуваат големо внимание на обезбедувањето и хигиената. Камперите се задоволни од престојот и уживаат во слободата која го нуди кампирањето .
Покрај  авто кампот  „Елешец“, околу 1000 кампери летуваат и во кампот„Градиште“. Тие се сместени  во 400 приколки, а престојот таму  чини 1200 денари дневно,  со вклучен приклучок на струја. Дополнително се наплаќа  туристичката такса од 40 денари. Од овој
Авто Камп велат дека во споредба со лани интерсот за кампирање е во опѓање.
Во отсуство на раководителот на  АК„ Љубаништа“, вработените  не беа расположени да дадат коментар за постеноста на камперите во  нивниот камп.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top