Македонските занаети пред изумирање

Дали по десет години ќе се прават познатите грниња? Грнчарот Митко Арсовски загрижен за иднината на оваа уметност.

 |  Колоска Билјана  | 
grncarski proizvodi
грнчарски производи

Дали по десет години ќе се прават познатите грниња? Грнчарот Митко Арсовски загрижен за иднината на оваа уметност.

Грнчарството пред изумирање. Митко Арсовски, познат грнчар од Злетово, сериозно загрижен за иднината на овој занает.

tezgi„Од мали нозе ја негувам традицијата на моето семејство, јас сум третата генерација која верно го негува овој занает. Ме загрижува фактот што младите се помалку се интересираат да ја негуваат оваа уметност“- вели Арсовски.

И да сакаме да ги зачуваме познатите македонски занаети, во иднина ќе бидеме приморани да кренеме раце од нив, вели  Ќазим Скендер, ракотворец од Куманово. 12 години, неуморно со моите раце изработувам предмети од кожа.

„Финансиските средства се пресудни дали во иднина ќе продолжам да го работам ова’- вели Скендер.

Грб ни сврти и Владата. Таа нема слух за нашите барања, ниту пак сака да не мотивира да го зачуваме македонскиот занает, велат соговорниците. Бараме, а тоа што ќе ни го дадат ќе им го вратиме, додаваат тие. Македонија е далеку од земјите од балканот, кои вешто ја негуваат традицијата на една земја, а воедно ја почитуваат и нашата.

„Во Хрватска, секој ракотворец добива по 1.700 евра затоа што ја негува традицијата на својата земја“- раскажува Скендер.

Кај нас пак, помош нема ниту локалните самоуправи од градовите од каде доаѓаме, додава грнчарот Арсовски.

Занаетчиите се оптимисти. Се надеваат на подобри времиња. Очекуваат дека ќе се намалат давачките, за да можат да продолжат да го негуваат својот занает. Велат,  не би се откажале се додека ги служи здравјето, можеби колку за своја душа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top