Што се случува со манифестацијата „Охридско лето“

По вечерашното откажување на албанската драма, критичарите на фестивалот „Охридско лето“, а и поширокиот аудиториум се прашуваат што навистина се случува со оваа манифестација и во која насока оди сето тоа.

По вечерашното откажување на албанската драма, критичарите на фестивалот „Охридско лето“, а и поширокиот аудиториум се прашуваат што навистина се случува со оваа манифестација и во која насока оди сето тоа.
Фестивалот „Охридско лето“ го осбележа своето 49годишно постоење. Во сиот тој период на сцената настапиле плејада на врвни уметници, музички виртуози како Леонид Коган, Андреј Навара, Евгениј Бушков, московските виртуози на чело со Едвард Граг и многу други врвни имиња од музичката, а и театарската сцена.Во последниве години таа традиција ја надополнуваат настапите на Хозе Карерас и Енио Мориконе. Токму поради присуството на на овие звучни имиња фестивалот поседува светско реноме.

„ Меѓутоа сметам дека во последните неколку години состојбата со фестивалот „Охридско лето“ завзема патека на опаѓање на рејтингот“, вели Васка Томова, музички критичар на фестивалот, со 30годишно искуство.

rodenden„Добро паметам кога оваа манифестација се наоѓаше на високото 11то место на листата на „Светската асоцијација на фестивали“. Во моментов тоа ниво е секако далеку под таа бројка“, вели Томова. „Токму поради тоа селекторите и организаторите треба барем малку да се осврнат на годините наназад и да се потсетат какви имиња настапуваа на фестивалот“, додава Томова.

„Како долгогодишен критичар на фестивалот имам оставено стотици рецензии во архивата истиот“, вели Томова. „Овогодинешната програма изобилува со се, маѓутоа недостасува класичната музика по која е карактеристичен овој фестивал и која претставува негов носечки столб. Препорачувам во иднина да се внимава токму на овој дел“, посочува Томова. „Неможам, а да не се навратам на настапите на Зубин Мехта и Максим Ветеров“, вели Томова.

„Концептот на фестивалската програма на „Охридско лето“ се темели секако на класичната музика и ве уверувам дека со настапите на Енио Мориконе, Мидори Березовски, Моника Лесковар и други врвни имиња кои се реткост на фестивалите низ Европа, допринесуваат оваа манифестација да оди исклучиво скалило погоре“, вели Тони Симоновски, дир. на фестивалот.

Сепак со вечерашното откажување на албанската драма „Генерал на мртвата војска“ која е веќе трета театарска претстава која се откажува, публиката се погласно критикува и се прашува во која насока оди сето ова. Дали фестивалот поигрува помеѓу елитистички и популистички пристап.„ Се поставува прашање и зошто организаторите имаат сосема поинаков пристап кон гостите од страна и нашите врвни музичари, како на пр. сместувањето на нашата филхармонија и филхармонијата од Будимпешта“, велат компетентни лица од јавната сцена.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top