Во Струга, атрактивните плажи имаат квалитетна вода за капење. На „Машка“, „Женска’, „Галеб“ и „Евро“ плажите, кои најчесто се доста посетени од капачи, водата е од втора категорија, и истата може да се користи за капење, спорт и рекреација.
Резултатите од последното испитување од страна на Заводот за здравстевна заштита покажуваат дека водата од Охридското езеро на струшкото крајбрежје воглавно е чиста и истата може да се користи за капење, спорт и рекреација. Анализите од површинската вода од вкупно 13 примероци покажуваат дека водата во крајбрежниот дел е од прва и втора класа. Од трета категорија пак е реката Сатеска, и истата како што е познато е загадувач на Охридското езеро.
Бидејќи во летниот период, има голем број граѓани кои се разладуваат во базени во струшките хотели, испитувања на квалитетот на водата се направени и таму.
„Направивме анализи на водата од базените „Хотел Дрим“ и „Макепетрол“. И кај двата водата е од прва класа“- истакна Сашо Точко од Завод за Здравствена Заштита.
Од таму, квалитетот на езерската вода ја следи постојано. Испитувања се прават секој месец.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град