Летово, мета на крадците мобилните телефони

Во Струга, бројот на пријавени кражби годинава е помал во споредба со лани.

 |  Колоска Билјана  | 
logo
лого

Летниот период е сезона и за џепчиите но и за крадците. Граѓаните едногласни, дека ова годишно време им создава немир во поглед на безбедноста од кражби. Струга важи за туристички град, а бидејќи  сезоната е во тек и фреквентноста е значително зголемена, граѓаните но и гостите, велат дека  во овој град се чувствуваат безбедни од кражби.

plazaЗа разлика од вообичаено, во текот на летната сезона, зголемен е бројот на кражби. Ова го потврдуваат и од  полициската станица во Струга. Најчесто, мета на крадците се мобилните телефони.

„Постојано се крадат мобилни телефони бидејќи граѓаните додека се одмараат на плажите воопшто не се внимателни каде ги оставаат телефоните или други вредни предмети“-вели Стефан Димоски, портпарол СВР Охрид.

Минатата година во периодот од месец јуни до август  се регистрирани 20 кражби, додека годинава досега пријавени само 4. Повеќе од очигледно е дека бројот на пријавени кражби е намален. Тоа се должи и на нашите заложби, вели портпаролот Димоски. За таа цел Свр заедно со одделението за превенција организира низа активности во делот на намалување на извршени кражби.

Акцијата е добро прифатена и од граѓаните од регионот но и од гостите. Досега соработувале со полициските службеници, се надеваме дека така ќе биде и во иднина, вели портпаролот Димоски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top